Веб-страницата на ДИК конечно проработи


Неофицијалните резултати од предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 942.334 граѓани, важечки гласови 910.868, а избројани се 31.466 неважечки ливчиња.

Излезноста по изборни единици е следна: ИЕ1 – 52,56%,  ИЕ2 – 48,67%, ИЕ3 – 57,63%,  ИЕ4 – 60,19%,  ИЕ5 – 50,5% и ИЕ6 39,98%.

Најголема била излезноста во Крива Паланка – 72,46%, во Крушево 71,0 %, Новаци 70,76 отсто, Македонски Брод 70,09%, а најмала излезност е регистрирана во Центар Жупа 21,7% и Маврово-Ростуше 29,94 отсто.

Според конечните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера, Коалицијата Можеме предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и други 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Од ДИК соопштија дека во првата ИЕ коалицијата Можеме освои осум пратеници, ВМРО-ДПМНЕ седум, ДУИ два, Алијанса на Албанците и Алтернатива два и Левица еден пратеник. Во ИЕ2, ВМРО-ДПМНЕ и Можеме освоија по седум мандати, ДУИ три, АА/А три пратеници. Во ИЕ3, ВМРО-ДПМНЕ освои 10 пратеници, Можеме девет и Левица еден пратеник.

Во ИЕ4 мандатите ги поделија ВМРО-ДПМНЕ и Можеме, односно по 10 пратеници. Во ИЕ5 ВМРО-ДПМНЕ и Можеме освоија по осум пратеници, ДУИ три, и АА/А еден пратеник. Во шестката, ДУИ освои седум, АА/А шест, Можеме четири, ВМРО-ДПМНЕ два и ДПА еден пратеник.

СДСМ и коалицијта освоиле 327.329 гласа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, ДУИ 104.587 гласови, Алијанса за Албанците 81.827 гласа, Левица 37.551 глас и ДПА 13.891 глас.

Во ИЕ 1, коалиција СДСМ освои 54.578 гласови, односно осум пратенички места, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 50.564 гласови – седум мандати, ДУИ 19.672 – две, АА 14.143 – две, ЛЕВИЦА 12.124 едно пратеничко место и  ДПА 1.964.

Во Изборна единица 2,  Коалиција СДСМ 47.852, односно седум мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 47.929 – седум пратенички места,  ДУИ 22.078 три, АА 20.783 – три, ЛЕВИЦА 5.896 и ДПА 1.821

Во ИЕ 3 Коалиција СДСМ 66.853 гласови – девет мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 71.551,  односно 10 пратенички места,  ДУИ 3.331, АА 992, ЛЕВИЦА 6.939 – еден мандат и  ДПА 242 гласови.

Изборна единица 4 – Коалиција СДСМ 77.195 гласови – 10 мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 74.478 10 мандати,  ДУИ 293, АА 213 и ЛЕВИЦА 6..836

Во Изборна единица 5, Коалиција СДСМ 56.622гласови, односно осум пратенички места,  Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55.159 – осум мандати, ДУИ 21.745 – три мандати, АА 10.716 еден мандат, ЛЕВИЦА 4715 и ДПА 781.

Во Изборна единица 6 Коалиција СДСМ 24.229 – четири мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 15.663 – две пратенички места, ДУИ 37.468 – седум мандати, АА 34.450 – шест, ЛЕВИЦА 1041 и ДПА 9083 – еден мандат.