Васоски нов тренер на Академија Пандев


Доскорешниот тренер на актуелниот македонски фудбалски првак Вардар, Александар Васоски, од денеска е нов шеф на стручниот штаб на струмичкиот прволигаш Академија Пандев.

Васоски, кој на средината од декември поднесе оставка на тренерското место во Вардар, потпиша договор со Академија Пандев до крајот на сезоната 2021/22.

Васоски седнува на клупата на Академија Пандев по заминувањето на Југослав Тренчовски, откако од летото 2018 година го предводеше Вардар, а минатата сезона му ја донесе и шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига.