„Hugo Boss“ отсега и во Сити мол (галерија)


По цели 16 години на улица Македонија, решивме дека е време да дојдеме поблизу до вас и креиравме спектакуларно место во трговскиот центар Сити мол во кое сте и повеќе од добредојдени, соопштија од компанијата „Hugo Boss“.

– Вашиот „Hugo Boss“, каде изминативе години заедно ги создававме најдобрите комбинации за сите поводи важни за вас, со задоволство ви ја претставува новата креативна визија на која работевме долго време. Исклучителниот концепт на внатрешниот дизајн на продавницата е резултат на долгогодишното истражување на желбите на нашите купувачи и на она кое е местото каде тие се чувствуваат удобно. Впечатливите моменти од самата внатрешност на новата продавница на германскиот бренд дополнително ги истакнавме со новите колекции од нивните дизајнери за кои знаеме дека ќе добијат почесно место во вашите комбинации – велат од компанијата.

Оттаму известуваат дека токму во продавницата на брендот во Сити мол, можете да ги најдете и парчињата од капсулната колекција на „Hugo Boss“ во соработка со познатиот британски боксер Ентони Џошуа.

– За стилско надополнување на и онака впечатливите комбинации од брендот, не заборавајте ниту на линијата модни додатоци и обувки со потпис на Hugo, а токму новите се како создадени за прекрасната студена сезона што е пред нас – додаваат од компанијата.

Новата продавница на „Hugo Boss“ ве поканува заедно да уживате во новиот простор на приземјето на трговскиот центар Скопје сити мол, за заедно да создадете уште многу нови стилски приказни.