Вашингтон воведува 14-дневен карантин за жители на 27 американски држави


 Властите во градот Вашингтон воведуваат 14-дневен карантин за патници од 27 американски држави, поради епидемијата на новиот коронавирус.

Овие се држави каде во просек има најмалку 10 нови случаи на 100.000 жители на ден за седум дена. Од мерката се погодени државите меѓу кои Флорида, Калифорнија, Тексас и Делавер.

Одлуката на градоначалничката на градот Муриел Баузер важи од денеска. Тие мора да бидат во карантин во хотел или во нивните домови и да излегуваат само на задолжителни лекарски прегледи или да се снабдат со храна.