Вашингтон Тајмс: Кинеската војска истражува војување со помош на контрола на умот


САД– Американското Министерство за трговија воведе санкции за кинески технолошки компании, откако минатата недела објави дека кинеската војска била вклучена во „опасна работа поврзана со истражување за војување со помош на контрола на умот“.

Објавувањето на санкциите дојде со ограничени детали за наводната работа на КинескатаВоено-медицинска академија и 11 други кинески истражувачки институти, објави „Вашингтон тајмс“. Американското биро за индустрија и безбедност соопшти дека само Кинеската академија и нејзините ограноци користат „биотехнолошки процеси за да и помогнат на кинеската армија, а тоа вклучува и оружје за контрола на умот“. Трите извештаи на Кинеската Народноослободителна Армија, до кои дојде „Inside D Ring“, фрлија светлина на обемот на кинеската работа на полето на мозокот и покажаа дека истражувањето трае веќе неколку години, пишува весникот Вашингтон тајмс.

Извештаите од 2019 година откриваат развој на оружје што го таргетира умот, што, наводно, кинеските власти го нарекуваат „интелектуализација на војната“. Според еден извештај, напредокот во науката и технологијата доведоа до методи и способности да се покори непријателот на невиден начин. „Војната премина од убивање на непријателот до парализирање и контролирање на непријателот“, се вели во извештајот насловен „Иднината на концептот на воена надмоќ“.

Фокусот сега, е да се скрши волјата на непријателот да се спротивстави, а не физички да биде уништен.