Вашингтон пост отвара нови редакции и дописништва во Европа и во Азија 

САД- Весникот Вашингтон пост се подготвува за глобална експанзија во 2021 година. Весникот идната година има намера да отвори неколку редакции, вклучително во Лондон и во Сеул, за да обезбеди 24 часовни извештаи од настани насекаде низ светот.  

Покрај тоа, медиумскиот гигант ќе отвари свои дописнички бироа во Сиднеј и Богота, со што вкупниот број на странски редакции и дописништва ќе се зголеми до 26. Во нив ќе работат 44 постојано вработени, а вкупниот број на вработени во медиумот може да се зголеми до 1.010 луѓе, рекорден број на постојано вработени во историјата на весникот. 

Вашингтон пост е основана во 1877 година. Долгогодишен сопственик на весникот беше фамилијата Мејер-Грем, која во 2013 година го продаде весникот на Џеф Безос, основачот на онлајн продавницата Амазон. 

Експанзијата на овој весник се случува во време на пандемија на Ковид-19 и длабока криза во медиумската индустрија. Според консултантската куќа „Challenger, Gray & Christmas, само во првата половина на оваа година американските изданија затвориле 11.000 работни места