Вашето крем сирење: Домашно, од две состојки!

Крем сирењето е популарен намаз што можете да го користите во многу рецепти.
Направете поевтина верзија дома, која има вкус подеднакво како и купена во продавница, а најдобро од сè, не бара премногу труд.
Состојки:
1 литар млеко
4 супени лажици сок од лимон
Подготовка:
Истурете го млекото во тенџере и варете додека не зоврие, а потоа додадете го сокот од лимон. Оставете го да се вари додека на површината не се формира жолта скрама, а потоа процедете со ставање сито врз чиста тава. Кога добро ќе го исцедите, добиеното сирење истурете го во блендер и додадете неколку лажици сурутка (тоа е смесата што останува кога ќе го извадите сирењето). Наместо сурутка, можете да додадете маслиново масло. Добро изблендирајте и крем сирењето е готово.