Вархеји во самоизолација
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, објави дека е во самоизолација откако дознал дека член на неговиот тим е позитивен на коона вирус.
„Денеска бев известен дека член на мојот тим е позитивен на корона вирус. Додека ги чекаме новите резултати, мојот тим и јас сме во самоизолација во согласност со препораките за јавно здравје. Добро се чувствувам, немам никакви симптоми, а на тестовите минатата недела бев негативен“, порача Вархеји на Твитер.
Вархеји минатата недела беше во официјална посета на Скопје, Тирана, Приштина, Белград, Сараево и Подгорица.
I was informed today that a member of my team tested positive for #COVID19. Pending new test results, myself&team members concerned are self-isolating in line with public health guidelines&teleworking. I feel well, have no symptoms, my tests in past week were negative. Stay safe!
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) October 11, 2020