Вархеји го известил Спасовски за помошта од ЕУ


 Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, со писмо го информираше претседателот на Владата Оливер Спасовски дека веќе издал инструкции четири милиони евра од инструментите за ЕУ-интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија.

 Вархеји во писмото навел дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра за државата, првично наменета за инфраструктура и животна средина, да биде пренаменета за ублажување на социјално-економски штети предизвикани од кризата.
-Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средните компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка.
Вархеји во писмото до премиерот Спасовски наведува дека во период кога Европа и светот се соочуваат со криза предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, во соработка со меѓународните финансиски институции се разработуваат проекти за ублажување на финансиските проблеми и менаџирање на кризата во Република Северна Македонија и во регионот.