Вархеи: Разговорите за кревање на бугарското вето се во ќор-сокак

Внатрешната политика во Бугарија ја поткопува довербата во ЕУ, вели еврокомесарот


 

Еврокомесарот за проширување Оливер Ворхи денеска во Брисел изјави дека разговорите за укинување на ветото на Бугарија за Македонија се во ќор-сокак.

„Она за што сум свесен е дека сме целосно во ќорсокак во однос на Софија. Ова не прави среќен, бидејќи секој втор четврток го поминував во земјата. Се чини дека внатрешната политика е способна да ја поткопа довербата во ЕУ. Во оваа фаза, мислам дека воопшто не можеме да зборуваме за некаква преговарачка рамка“, рече Вархеи.

„Нема причина да чекаме уште поради внатрешни политички прашања во Бугарија, се надевам дека зборуваме за денови, а не за месеци или години кога станува збор за првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија“, рече Оливер Вархеи, одговарајќи на прашање дали Украина и Молдавија би можеле да започнат преговори пред Скопје и Тирана откако двете земји денеска добија препорака за кандидатски статус за членство во ЕУ.

Според неговите зборови може да се заклучи дека и францускиот предлог за кревање на ветото пропаѓа.

Македонија денеска уште еднаш доби недвосмислена поддршка од САД за итен почеток на преговорите со ЕУ. На средбата на премиерот Димитар Ковачевски со заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, на Преспа форумот, американскиот дипломат ја нагласил неопходноста од итен почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и ја потенцирал поддршката на САД за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Бугарија. Секое натамошно одлагање на тој процес, нагласиле двајцата соговорници, предизвикува сериозни регионални последици и ги поттикнува ризиците за зголемено влијание на трети страни.

Ковачевски и Ескобар се осврнале и на почетокот на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, а разговареле и за руската агресија на Украина.