Вархеи пред пратениците: Чекаме на вас

Ова е првиот ден од новиот почеток. Чекаме на Вас, ни требате овде и сега. Во овој поглед пакетот за проширување 2020 заедно со економскиот и инвестицискиот план дава детален преглед на состојбата со основните реформи и насоки за овие реформски приоритети, кои остануваат во сржта на процесот на пристапување во ЕУ. Овие основи остануваат да бидат неопходните услови што треба да се исполнт, не само да се постигне успех во економскиот и инвестициски план, туку и да се оди напред на патот кон ЕУ.

Ова е пораката од еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји, што денеска им ја упати на присутните на денешната собраниска седница, на која присуствуваа пратениците, но и државниот врв и претставниците на верските заедници.

Овој Дом, потенцираше Вархеји, има клучна улога и кога станува збор за обезбедување независност од останатите видови власт, преку зајакнување на надзорот над извршната власт и разузнавачките служби.

-Важно е да се има јасна координација и планирање на работата помеѓу Владата и Собранието. Треба да знаете кои закони или извештаи Ви наближуваат, правилно да ја испланирате работата на комисиите и пленарните седници и да ја исполните вашата улога во поддршката и следењето на фазата на преговори, им порача на пратениците еврокомесарот.

Известувањето во годинашниот пакет за проширување, подвлече, веќе ги рефлектира предлозите за подобрениот пристап кон процесот на пристапување. Проценките и препораките се уште попрецизни, а земјите – членки, наведе, беа повнимателно консултирани за време на процесот и дада своја експертиза.

-За Северна Македонија одлуката за отворање пристапни преговори на почетокот на ова година беше навистина историска. Земјата одржа стабилно темпо на напредок и понатаму испорача во клучните области на владеење на правото, вклучително и судството и борбата против корупцијата и организираниот криминал, рече тој.

Важно е, нагласи, да го одржувате овој интензитет. Порача дека борбата против корупцијата трба да продолжи непречено, а потребни се дополнителни напори, подвлече, да се обезбеди целосно почитување на принципот на транспарентноста и меритократијата во реформата на јавната администрација.

Како што нагласи, охрабрен е од заложбата на новата Влада за натамошно унапредување на реформската агенда за ЕУ, особено во кличните области кои ги опфаќаат основите.

На средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери побарал Парламентот да спроведува реформи со многу поголема брзина.

-Овој дом, како примарен форум за конструктивни и инклузивни дебати има клучна улога што треба да ја одигра. Со загриженост видовме зголемување на употребата на брзите постапки на усвојувањето на ново законодавство. Ве охрабрувам да обезбедите соодветни консултации и демократски дебати, со употреба на нормални и редовни процедури, истакна Вархеји.

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји во обраќањето пред пратениците истакна дека 2020 година беше историска и долгоочекувана година за нашата земја, а беше наградена за решителноста и издржливоста да напредуваме на патот кон ЕУ.

-Можете да сметате на мене дека ќе продолжам да ве подржувам Вас на секој начин што можам за натамошно напредување во процесот на пристапување во ЕУ, рече Вархеји.

Во последните 6 месеци владите од Западниот Балкан заедно со секретаријатите на Советот за региогнална соработка и ЦЕФТА и со поддршка на Комисијата, информира тој, беа ангажирани во разививање нова визија за регионална економска област.

Очекувам, истакна еврокомесарот, лидерите на Западен Балкан да договорат амбициозен акциски план за развој на заедничкиот регионален пазар на Самитот во Софија на 10 ноември, на кој Северна Македонија ќе копретседава заедно со Бугарија.

-Ова е клучно да се зголеми привлечноста и конкурентноста на регионот. Регионалната економска интеграција не е обиколница на европскиот пат, туку алатка за зајакнување на растот. За надминување на економската криза предизвикана од КОВИД-19, за модренизација на економиите во согласност на приоритетите на ЕУ и нивно приближување до внатрешниот пазар на ЕУ. Тоа е составен дел од процесот на пристапување на регионот во ЕУ, рече меѓу другото еврокомесарот Вархеји.

Негова оценка е дека поттикнувањето на инвестиции и економскиот раст на Западен Балкан ќе биде можно само доколку владите цврсто се посветат и спроведат темелни реформи засновани на еворпските вредности, без разлика дали се структурни економски реформи, зајакнување на владеењето на правото или подобрувањето на јавната администрација. Овие реформи, смета Вархеји, се од суштинско значење за создавање опкружување поволно за предприемништвото за создавање работни места и одржливи инвестиции.

Западен Балкан е приоритет на ЕУ и особено за оваа Комисија, рече тој, посочувајќи дека иднината на регион е во ЕУ и во наш стратешки интерес е, подвлече, да го придвижеме регионот кон ЕУ како што е ваш стратешки инстерес да се приклучите кон ЕУ.

Комисијата, информира, работела во три главни насоки за Западен Балкан во 2020 година и уште првиот ден со иста цел.

-Прво, повторно засилување на целиот процес на проширување, потоа отворање преговори со С Македонија и Албанија и забрзување на економската конвергенција со ЕУ, информира и дададе дека во однос првите две цели веќе се преземени голем број значајни чекори и одлуки оваа година.

Како што потенцира, го надминале ќор сокакот во Советот за отворање преговори за пристап со С Макеоднија и Албанија и тоа благодарение на ревидираната методологија за проширување.

Комисијата веќе предложи рамки за преговори за двете земји и дискусиите во Советот се во тек.

Тој изрази надеж дека наскоро откако земјите – членки ќе се договорат за рамките, ќе можат да бидат свикани првите меѓувладини конференции за официјално започнување на преговори.

Економскиот и инвестицискиот план, појасни, служат за поттикнување на долгорочното закрепнување, градење на зелена и дигитална транзиција преку значителен инвестициски пакет што води до  одржлив економски раст, спроведување на реформите потребни за да се оди напред на патот кон ЕУ и приближување на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ.

Инвестицискиот пакет е структуриран околу клучните области од суштинско значење, области што се идентификувани заедно со вас  – транспорт, енергија, животна средина, дигитализација, приватен сектор и млаидте.

-Економскиот инвестициски план утврдува значителен инвестициски пакет за регионот. Комисијата има за цел да мобилизира индикативно до девет милијарди евра средства грант во рамките на идниот инструмент за пристапна помош 3 за поддршка на економската конвергенција  на  регионот со ЕУ. Покрај тоа инвестицискиот капацитет на регионот треба да се зголеми со мобилизирање на нов фонд за гаранции за Западен Балкан со амбиција потенцијално да се соберат инвестиции до 20 милијарди евра. Се заедно една третина од БДП на целиот регион, рече еврокомесарот Вархеји.

Северна Македонија, потенцира, е секако дел од овој план и вашите граѓани и бизниси ќе имаат директна корист од тоа.

-Во областа на транспортот планот особено го вклучува железничкиот Коридор 8, автопатот што го поврзува Скопје со Бугарија, во областа на енергетиката планот ги вклучува интерконтекторите за гас Северна Македонија – Косово и Северна Македонија – Србија што ќе придонесе за диверзификација на енергијата во Северна Македонија. Покрај тоа, планот ќе ги поддржи обновливите извори на енергија вклучително изградбата на електрани од сончева и ветерна енергија. Конечно во клучната област на животната средина планот се фокусира на изградба на постројки за третман на отпадни води во Скопје и интегрирани регионални системи за управување со отпад, ги информираше пратениците еврокомесарот.

Според него, овие големи инвестиции ќе ги надополнат веќе постојните проекти поддржани како дел од нашата билатерална помош, како што се важните инвестиции за развој на железничката мрежа за подобрување на поврзаноста.

Овој план, рече меѓу другото, е придружен со работен документ од службата кој утврдува зелена агенда за Западен Балкан заснована на пристапот за европски зелен договор.

-Тој нуди начин за напредување кон заедничкото дејствување за справување со предизвиците на зелената транзиција, климатските промени, загубата на биодиверзитетот и прекумерната употреба на ресурсите и загадувањето развивајќи го економскиот раст од употребата на ресурсите и деградацијата на животната средина, рече Вархеји.

Најави дека особено внимание ќе се посвети на посветеноста на ЕУ за постигнување на климатска неутралност до 2050 година.