Варди спречи рекорд на Манчестер јунајтед во Премиерлигата


Манчестер јунајтед не успеа да го израмни рекордот од 11 последователни победи на гостински терен во Премиерлигата, откако попладнево одигра 2:2 против Лестер во воведниот натпревар на „Boxing day“ во англискиот шампионат.

Јунајтед, кој допатува на гостувањето кај Лестер со серија од десет гостински победи во низа, на два пати имаше водство, но Џејми Варди на пет минути пред крајот на мечот беше прецизен за поделбата на бодовите.

Маркус Рашфорд (23) и Бруно Фернандеш (79) беа стрелци за Јунајтед, додека првиот гол за Лестер беше дело на Харви Барнс (31).

Лестер остана на второто место на табелата со 28 бодови од 15 натпревари, додека Манчестер јунајтед со 27 бодови и натпревар помалку, во моментов е на третото место.