Вардарци со чартер лет попладнево пристигнуваат во Скопје


Европскиот шампион Вардар, попладнево околу 16 часот и 15 минути треба да слета на аеродромот во Скопје.

Според првичната агенда „црвено-црните“ требаше околу полноќ да се вратат од Келн со редовна линија, но плановите се променија и тие ќе летаат назад со чартер .

Пречек ќе има прво на аеродромот, а потоа и на плоштадот „Македонија“.