Вардар води пет разлика на паузата во финалето против Веспрем


Екипата на Вардар води со 16:11 по првото полувреме против Веспрем во финалето од Лигата на шампионите.

Играчите на Роберто Парондо играат одлично во првото полувреме, сосема спротивно од вчерашниот прв дел против Барселона кога „црвено-црните“ губеа со седум гола, но на крајот сепак успеа да слави огромна победа.

Хендикеп засега не се покажува повредата на Даниел Шишкарев, кој при една контра незгодно доскокна и побара измена поради болки во десната нога.

Мораес е најефикасен со четири голови попрвите 30 минути, додека Милосављев има пет одбрани.