Вардар против Барселона во полуфиналето на „Фајнал фор“


Ракометарите на Вардар ја добија Барселона за противник во полуфиналето на завршниот Ф4 турнир што ќе се игра во Келн, Германија.
Каталонците беа ривал на македонскиот првак и пред две години кога вардарци го освоија трофејот.
Во другото полуфинале ќе играат Веспрем на Дејан Манасков и Киелце.
Оваа сезона Вардар одигра два натпревара со Барселона во групната фаза и двапати беше поразен.
Завршниот турнир од елитното ракометно натпреварување ќе се игра на 1 и 2 јуни.