Вардар на врвот, Работнички на дното: Аврамовски против романтика


Вардар како гостин го совлада Работнички со 2-0 (0-0) во првиот натпревар од 12 коло во домашниот фудбалски шампионат. Херој на „црвено-црните“ беше Даниел Аврамовски, кој беше стрелец на двата гола во 77 минута, односно во судиското продолжение.

Со овие три бода, скопјани се вратија на првото место со 27 бода, додека „романтичарите“ се на дното со само 10 освоени поени.