Вардар минимално го порази Металург


Четири дена по фантастичниот триумф над Пик Сегед во ракометното четвртфинале од Лигата на шампионите, Вардар попладнево го одработи и мечот против Металург во домашното првенство. Натпреварот во малата сала од СЦ „Јане Сандански“ заврши со резултат 32-31 (15-18) со што црвено-црните го задржаа максималниот учинок во лигата. Киселјев со осум гола беше беше прв стрелец кај Вардар, Стоилов постигна пет. Шилегов даде осум гола за Металург.

Фото: РК Вардар