Вардар ги доби противниците во Лигата на Европа


 Македонскиот ракометен клуб Вардар ги доби противниците во групата за второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа.

„Црвено-црните“ ќе бидат во групата „Ф“ каде што ќе играат против Порто, подобриот од бундеслигашката пресметка помеѓу Мелсунген и Елверум и подобриот од дуелот на исландскиот Валур и Спачва Винковци од Хрватска.

Првото коло во групната фаза е закажано за 8. октомври. Првите две екипи од секоја група патуваат во следната фаза. 

Вардарци и минатата сезона беа дел од Европската лига, но тогаш не успеаја да ги минат квалификациите и беа елиминирани од германскиот гигант Рајн Некар Левен

Покрај Вардар 1961, во новата сезона во Европа ќе не претставуваат и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, додека во ЕХФ Купот ќе настапат Тиквеш, Охрид и Алкалоид.