ВАР ќе се користи во плејофот за влез во Серија А


Судиите во натпреварите од плејофот за влез во Серија А ќе го користат ВАР системот, најави претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина.

Според „Фудбал Италија“, претседателот исто така додаде дека видео-помош судиите може да користат и во натпреварите кои ќе одлучуваат за опстанок во Серија Б.

ВАР веќе се користи во натпревари од Серија А, како и во други европски првенства и во Лигата на шампионите.