Ванковска вели дека Македонија не припаѓа на Европската унија


Фото: Б. Грданоски

 

„Јас не велам дека ние не припаѓаме на Европа. Напротив, ние припаѓаме на Европа, но не и на Европската унија“, изјави во саботата вечерта претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска, за време на митингот во Битола. Заедно со неа беше и лидерот на партијата Димитар Апасиев.

„Ние сме една црвена армија која во среда ќе извојува победа. Јас програмата ја напишав толку рано што сите имаа можност да ја видат. Ја видоа и моите противкандидати па почнаа да преземаат. Ете утре ќе имаат можност утре да дојдат на тенок мраз да видиме кој на што стои и да го бранат она што го раскажуваат деновиве“, истакна Ванковска, мислејќи на претседателската дебата на МТВ.

Левица го тресела темелот на ова општество и рече дека во саботата дошло две честитки, едната од Комунистичка партија на Индија, а другата од левичарите од Ирска.

Таа рече дека „зарем она што нам ни го направија со Преспанскиот договор не е геноцид. И уште утре, на соочување, ќе треба да се објаснува дали сум про ЕУ или анти ЕУ. Не, јас сум про Македонија. Јас сум про македонска сила“, истакна Ванковска.