Ван Дајк е играч на сезоната во Премиер лигата


Најдобар фудбалер на сезоната во Премиер Лигата е Вирџил ван Дајк! Тоа е изборот на Здружението на професионални фудбалери, па во четврток оваа престижна награда ќе ја подигне стоперот на Ливерпул и репрезентацијата на Холандија.

Ван Дајк доби најмногу гласови од шестмината кои беа во најтесен избор. Командантот на одбраната на Ливерпул го победи Рахим Стерлинг од Манчестер Сити, кој му беше најголем конкурент, како и неговите двајца соиграчи Бернардо Силва и Серхио Агуеро. Кандидати за трофејот беа и напаѓачот на Ливерпул Садио Мане, како и првата ѕвезда на Челзи Еден Азар.

Трофејот за фудбалер на сезоната останува во таборот на Ливерпул, бидејќи минатата сезона за најдобар беше избран Мохамед Салах.

Признанието на Здружението на професионални фудбалери се доделува од 1974 година, а ниту еден играч досега не ја добил во три наврати. По двапати ја освојувале Марк Хјуз, Алан Ширер, Тиери Анри, Кристијано Роналдо и Герет Бејл.