Валверде не ни помислува да даде оставка


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, не ни помислува да го напушти клубот по Ливерпул.

– Не, не мислам да поднесам оставка. Воопшто не ми паѓа на памет. Очекував навивачите да ни дадат поддршка, па затоа ние сме среќни и благодарни, изјави Валверде.

Тренерот на Барселона не пропушти да го поздрави Пеп Гвардиола за освоената шампионска титула во Премиер лигата со Манчестер Сити.

– Тој има исклучителни заслуги, не само затоа што ја освои титулата во Премиер лигата сега, но и за она што го прави толку долго време,заврши Валверде.