Ваков Велигден не е забележан во Ватикан


 

Папата Франциск синоќа, за време на вечерната велигденска миса во празната црква Свети Петар, ги повика луѓето да не де препуштаат на стравот и да се свртат кон пораките на надеж.

На мисата која обично се одржува во преполна црква со околу 10.000 луѓе, имаше само дваесетина од кои опвеќето помошници и хор помал од вообичаеното, пренесе Ројтерс.

Во црквите ширум светот вечерните служби одржани се во празни цркви, а беа пренесувани преку телевизија и интернет.