Вакцинирано една петтина од населението во Словенија


Вакцините штитат, но тие не се апсолутно семоќни. Многу работи зависат и од индивидуалниот одговор на организмот

 

Во Словенија, во последните 24 часа, од последиците од Ковид-19 починаа шестмина, а потврдени се нови 831 заразени, а барем една доза вакцина примиле петтина од населението, објави денеска словенечката влада.

Состојбата во болниците не е значително променета во однос на претходните денови, во нив има 622 пациенти, од кои 160 се на интензивна нега, а со новите починати вкупната бројка од почетокот на пидемијата изнесува 4.201.

Епидемиолозите оценуваат дека ситуацијата уште е тешка, особено со оглед на состојбата во болниците, но дека помалку се смирува затоа што мерките и вакцинирањето дале резултати.

Најмалку со една доза вакцинирани се 405.850 луѓе, а меѓу нив 174.000 добиле две дози. Најголем дел се вакцинирани се со „Фајзер“ или „АстраЗенека“.

Синоќа во Љубљана беше одржан нов мирен велосипедски протест против мерките и рестрикциите, на кој, според полицијата, учествувале околу 500 луѓе, тврдејќи дека протестираат против „репресиите на владата“ и нејзините постапки, објавија словенечките медиуми.