Вакцината „Спутник V“ по две дози е ефикасна 96,2 отсто

Фото: АП

Русија– Прелиминарните податоци добиени од руските клинички испитувања на вакцината против новиот коронавирус покажуваат дека „Спутник V“ е ефикасна 69,3 проценти по првата вакцинација и 96,2 проценти по втората.

Членот на Руската академија на науки и шеф на Националниот научно-истражувачки институт за јавно здравје Рамил Хабријев ја потврди ефикасноста и безбедноста на „Спутник V“, наведувајќи дека по две дози „Спутник V“ е ефикасна 96,2 отсто.

Претходно, Рускиот фонд за директни вложувања соопшти дека вакцината „Спутник V“ е ефикасна 95 проценти.