Вакцината нема да го сопре ширењето на корона вирусот

 

Шефот на шведската агенција за јавно здравство Јохан Карлсон изјави дека пандемијата со Ковид-19 нема да може да биде сопрена само со вакцина против таа болест.

Тој наведе дека во догледна иднина на сила ќе мора да останат значителни превентивни мерки.

Идната вакцина „веројатно ќе биде значајно средство“, но не е средство кое претставува конечно решение, вели Карлсон, чија земја се определи за контроверзен модел според кој голем дел од општеството беше поштеден од рестриктивни противепидемиски мерки.

Како што наведува АП, шведската министерка за социјални прашања Лена Халенгрен изјави дека идната вакцина против Ковид-19 треба како приоритетни групи да бидат луѓето над 70 години, медицински персонал, негуватели и слично.