Вакцината на Фајзер не содржи состојки кои не се халал

Англија – Салман Вакар од Британското исламско медицинско здружение (БИМА) изјави дека вакцината против коронавирусот на компанијата „Фајзер“ не содржи состојки кои не се халал.

БИМА на почетокот на овој месец наведе дека вакцината не содржи никакви компоненти од животинско потекло.

„Нема содржина од животинско потекло, односно нема желатин и ниту еден производ не се добива од фетусните клеточни линии, додека преостанатите помошни супстанции не се загрижувачки“, соопшти британското здружение.

Владата на Велика Британија потврди дека вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“ против коронавирус не содржи никакви компоненти од животинско потекло.

Агенцијата за лекови и здравствени производи го стори истото.

„Вакцината не содржи животински компоненти“, потврди компанијата „Фајзер“.