Вакцината ќе штити од корона една година: Првите дози порано од очекуваното


Вакцината против вирусот корона која е во завршна фаза од развојот, ќе штити од Ковид-19 една година, соопшти компанијата АстраЗенека која во моментот прави испитувања заедно со универзитетот Оксфорд.
Во тек се испитувања на луѓе, а додаваат дека доколку се покажат успешни, ќе бидат произведени две милијарди дози, пренесе Скај њуз.
Извршниот директор на АстраЗенека, Паскал Сорио, за белгиските медиуми дека фазата еден во Велика Британија е при крај, а дека фазата три веќе почнала и дека во таа фаза вакцината се дава на илјадници луѓе.
„Сметаме дека може да штити околу една година. Доколку се помине добро ќе имаме резултати во август или септември, а веќе во октомври вакцината ќе може да се најде на пазарот“, вели тој.