Вакцинацијата против грип ќе започне наскоро


Деновиве ќе започне вакцинацијата против грип, за што се набавени 28.000 вакцини. Како што соопштат од Министерството за здравство, вакцинацијата ќе се закажува преку матичните лекари, а бесплатно ќе се вакцинираат бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од шест месеци до пет години, лица на возраст над 65 години и лица со хронични болести.