Вака ќе изгледа новиот патнички авион: Сосема поинаква форма (фото/видео)


Нов патнички авион би можел да заплови по небото во следните пет години и ќе има сосема поинаква форма во споредба со кој било авион што е моментално достапен.

Главниот придобивка кај овој патнички авион е што новата форма ја намалува потрошувачката на гориво, но и бучавата за дури 50 проценти.

Имено, новиот тип на патнички авион има дизајн кој ги интегрира крилата со трупот, а креаторите велат дека тоа ќе ја намали потрошувачката на гориво и бучавата. Дизајнот на интегрираните крила би можел да ја намали потрошувачката на гориво за дури 50%, изјавија претставници на калифорниската стартап компанија „JetZiro“ и „Siemens“ на конференција во Лас Вегас.

Концептот на авион со интегрирани крила, каде што крилата беспрекорно се вклопуваат во трупот, е стар повеќе од 100 години. Првпат го опиша рускиот пилот Николај Војводски, но најчесто се поврзува со воени авиони, пишува „Live Science“.

Патничките авиони конвенционално имаат усвоено долг, тубуларен труп со крила кои не се спојуваат во една рамна површина. Тоа е затоа што префрлањето на нов дизајн на авион се сметаше за комерцијално ризично. Спротивно на тоа, авионите со интегрирани крила може да ја намалат потрошувачката на гориво и да бидат потивки, благодарение на повисоките соодноси на подигање и влечење (т.н. финеса на авионот) и подобра интеграција на бучните погонски системи.

Претставниците на JetZir велат дека нивниот дизајн со интегрирани крила бара пократок и поширок труп кој се спојува со крилата за да обезбеди подигање, а со тоа ја намалува потребната површина и создава полесен авион со помало отпор. Големината на моторот исто така е намалена, благодарение на намалената тежина и отпорот, што значи дека повеќе патници можат да се вклопат во релативно помал авион.

Капацитет за 250 патници, домет околу 9.000 km
Новиот авион ќе биде 100 проценти компатибилен со одржливо воздухопловно гориво, како и способен да користи водородно гориво – со долгорочна цел да лета со нула емисии. Ќе има капацитет за 250 патници и домет од 9.250 километри.

На конференцијата во Лас Вегас, претставници на „JetZir“ најавија продукциско партнерство со Siemens да помогнат во реализацијата на овој авион до 2030 година – што тие признаа дека е многу кратка временска рамка.

Компаниите се надеваат дека ќе можат да го исполнат овој амбициозен рок благодарение на можностите на т.н. дигитален близнак, кој вклучува создавање точна дигитална реплика на предложениот дизајн. Дигитален близнак е виртуелен примерок од иден производ или услуга преку дигитална симулација на производниот процес, каде што не е потребно да се прават скапи прототипови и да се троши време и пари на тестирање, а целта е да се открие дали производот е погоден за понатамошно производство или не.

Дигиталниот близнак вклучува и вештачка интелигенција (ВИ), која ќе помогне да се откријат начини за подобрување на дизајнот – или, на пример, дали некој дел може да се замени со друг, пооптимален.

„Овој дигитален близнак е стратешка конкурентна предност за нас бидејќи ни овозможува ефективно да создадеме симулација во виртуелна средина имајќи ја на ум крајната цел“, рече Том О’Лири, соосновач и извршен директор на JetZir.

Иако „JetZiro“ планира да започне со тестирање на новиот авион до 2027 година, фабрики за нивна конструкција сѐ уште не постојат. Во ноември, компанијата објави дека потпишала договори со добавувачи за создавање компоненти на системот за контрола на летот за иден прототип на авион.

Инженерите на компанијата, како што наведува „Live Science“, работат и на авион за американските воздухопловни сили.