Вајда: Ѓоковиќ ќе го престигне Федерер


Марјан Вајда, тренерот на Новак Ѓоковиќ, верува дека неговиот пулен ќе го надмине Роже Федерер по бројот на трофеи освоени на гренд слем турнирите.

Во интервју, Вајда рече дека по освојувањето на Вимблдон српскиот тенисер може да стигне до 20. трофеи на Федерер.

„Тие се блиску и далеку. Новак е на врвот на својата игра, сега треба да се релаксира, добро да тренира и да се подготви за УС опен. Тој планира да го освојува гренд слем турнири и да го надмине Федерер. Нема причина да размислуваме поинаку. Сепак, мора да остане здрав“, рече Вајда.

Ѓоковиќ во моментов заостанува со четири гренд слем титули зад Федерер, бидејќи има 16, а Швајцарецот 20.