В недела музички хепенинг на покривот на Џевахир скај сити


Жителите на Аеродром и станарите на комплексот „Џевахир скај сити“ овој празничен викенд ќе можат од своите домови да уживаат во музичкиот настап во живо на Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff.

Музичкиот хепенинг ќе се одржи в недела, 3 мај, со почеток во 18.45 часот на покривот на една од кулите од комплексот Џевахир.

Но истовремено, во овој настан, кој е во организација на Општина Аеродром и Џевахир скај сити, ќе можат да уживаат и сите жители на Скопје, кои ќе имаат можност да го следат видеопреносот преку ФБ-страницата на Општина Аеродром.

Организаторите ги повикуваат сите жители на Аеродром од своите балкони или следејќи го лајв стримот преносот во својот дом, да се приклучат кон хепенингот и на овој начин, иако одвоени, а сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба.