Уживај во пријатното друштво и „Подели сметка“ со новата услуга на Комерцијална банка


Кога друштвото оди на вечера нека биде „fair pay“ со новата услуга на Комерцијална банка – „Подели сметка“. Мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка е збогатена со уште една функционалност која овозможува делење сметка согласно желбите и потребите. 

„Подели сметка“ е едноставна и брза дигитална опција, со која само со избор на контакт во телефонскиот именик се дели сметка со пријател, колега, партнер… кој има платежна сметка во Комерцијална банка. Вкупната сума од сметката може да се подели на толку лица на колку што е потребно.   

Постојат многу непишани правила за плаќање сметка во друштво, но често постојат исклучоци. Со „Подели сметка“ на Комерцијална банка тоа веќе не е важно. Важно е само да се помине добро и да се ужива во пријатното друштво.

„Подели сметка“ е достапна за секој корисник на мБанка кој има активирано вршење трансакции и ја користи услугата „Плати на пријател“, а потребно е само да симне најнова верзија на мобилната апликација.

А, со мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка добива уште редица други привилегии, кои значат вршење финансиски трансакции 24/7 на брз, лесен и безбеден начин.

Повеќе информации за „Подели сметка“ и за мБанка се достапни на следниот линк.

(Комерцијален текст)