Уживаат во луксузен карантин поради корона вирусот


Во Ерменија 32 луѓе се наоѓаат во карантин во луксузен хотел, затоа што биле во допир со заразен Ерменец, кој допатувал од Иран.
За тоа извести ерменскиот премиер Никол Пашињан, кој на својот Фејсбук профил објави снимка од хотелот.
„Нашите сограѓани се изолирани поради коронавирусот и снабдени се со сѐ што им е потребно, вклучително и храна во хотел со пет ѕвезди. Нивниот контакт со надворешниот свет е прекинат“, напиша Пашињан во објавата.
На снимката се гледаат медицински работници во специјална облека, а во хотелот нема други гости освен оние кои се во карантин.
„Сите се чувствуваат добро“, наведува премиерот.
Хотелот се наоѓа на 2.100 метри надморска височина во популарно скијалиште, на 50 километри од главниот град на Ерменија.
Во него има спа-центар, голем базен, па дури и казино, но на сите гости кои се во карантин не им е дозволено да излегуваат од своите соби.
Во билансот од 3 март, според податоците на Си-ен-ен и порталот Ворлдлометар, вкупниот број заразени од корона вирус во светот изнесува 90.932, а бројот на починати 3.119.