Ужас во Германија: Авион експлодирал во воздух, делови паднале врз станбена област


Берлин – Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во населба во градот Лимбургерхоф, југозападна Германија.

Според досегашната истрага, во несреќата загинале две лица, а нема информации за повредени жители на Лимбургерхоф.

 

 

 

Германските медиуми јавија дека авионот експлодирал во воздух, а остатоци од леталото паднале „на поголемо подрачје околу местото на несреќата“.