Ужас на северот на Хрватска: Држел роб 28 години
Полициските службеници во Хрватска ја завршија истрагат за осомничен 65-годишник на подрачјето на Копривничко-Кижевачката жупанија.
И тоа поради сомнеж за сторено казнено дело тргување со луѓе.
Приведениот маж се сомничи дека држел друг маж полни 28 години држел како роб, го злоставувал и го терал на тешка физичка работа, а притоа го држел во нечовечки услови.
Попрецизно, наведува полицијата, постои сомнеж дека осомничениот од 1993 година до 2021 година на својот земјоделски имот, го искористувал, користејќи ја тешката семејна состојба и животни околности на 66-годишникот. Физички го злоставувал и го присилувал на секојдневна тешка работа околу грижа за стоката, земјоделски работи и домашни работи, без парична награда, при тоа не му овозможувал хигиенски услови и адекватен простор за живот.
Заради сомнеж дека сторил кривично дело трговија на луѓе по член 106 став 1 од Кривичниот законик, против осомничениот е поднесена казнена пријава пред надлежното државно обвинителство и е предаден на пртиворски надзорник.