Увозните цени во Германија на највисоко ниво во речиси половина век


 Цените на увозот во Германија се зголемија за 24,7 отсто во ноември на годишна основа, покажуваат податоците на Федералната статистичка служба (Дестатис), јави ДПА. Ова е највисок раст од октомври 1974 година.

Во октомври увозните цени се зголемија за 21,7 отсто на годишно ниво. Аналитичарите очекуваа нов пораст во ноември, но не повеќе од 22,3 отсто.

Нагорниот тренд е особено силен кај увозните цени на енергијата, кои на годишно ниво скокнаа за 160 отсто. Природниот гас е речиси четирипати поскап од пред една година, додека цената на нафтата и нафтените деривати е двојно зголемена.