Утрово уште еден земјотрес во Хрватска


Утрово во 8.30 часот во Далматинска загора, Хрватска се случи уште еден земјотрес, според податоците на ЕМСЦ.

Епицентарот на потресот бил на 14 километри јужно од местото Подхум во Босна и Херцеговина и 44 километри североисточно од Сплит.

Магнитудата на потресот е 3.3 степени според Рихтер, а бил на длабочина од 10 км.

Инаку, синоќа се случија уште неколку земјотреси на подрачјето на Сисак и Петриња со јачина од 4,2 до 4,7 степени според Рихтер.