Утре во ЕУ ќе се разговара за укинување на роамингот за Западен Балкан
Предлогот на Европската комисија за укинување на дополнителните трошоци за роаминг за Западен Балкан ќе биде разгледан на состанокот на Работната група за проширување и земјите што преговараат за пристапување кон ЕУ, свикан од Генералниот секретаријат на Советот на Европската унија за вторник, 7 април.
Доколку преговорите бидат успешно завршени, граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да ги користат своите мобилни податоци во земјите од ЕУ по цените што ги користат дома. Граѓаните на земјите од ЕУ што патуваат во Западен Балкан ќе имаат корист од истите привилегии, објави Танјуг.
Спогодбата, исто така, ќе обезбеди право на ист квалитет и брзина на мобилните мрежи како дома, како и бесплатни повици до броеви за итни случаи.
Во јули 2025 година овие услови стапија во сила за две други земји кандидати за ЕУ - Украина и Молдавија.