Утре одлука за цената на парното – ќе плаќаат ли скопјани поевтино парно?


Одлуката за цената на парното греење од Регулаторна комисија за енергетика треба да се објави во текот на утрешниот ден, при што се очекува таа да се намали.

Во моментов се разгледуват барањата на трите енергетски компании и се одлучува што ќе им биде прифатено за трошок, а што не. Компаниите се произнесоа со барања за одредено зголемување на цената на парното, но од РКЕ велат дека поради ниските цени на гасот на берзите во Европа, можно е да има мало намалување на цената.

По деталните анализи што ги прават, утре треба да се соопшти новата цена на парно. Но она што е клучно е дека неопходно е навремено да се направат подготовки за новата грејна сезона, за таа да започне со минимизрање на можноста за дефекти – од страна на ЕСМ.

 

Пред една година регулаторот донесе одлука парното да поскапи за 15 отсто. Но, во тој период се уште постоеше неизвесност со цената на гасот на светските берзи. Сега работите се доста појасни, и состојбата генерално е стабилизирана.

Грејната сезона треба да почне од 15 октомври и да трае до 15 април, со можност за пролонгирање од 2 недели, ако временските услови го налагаат тоа.