Утре нема да има пратенички прашања – во оставка ќе биде цела Влада


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Собранието Талат Џафери утре на собраниската седница за пратенички прашања ќе ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, јавува „Слободен печат“.

Се очекува премиерот Зоран Заев оставката да ја поднесе попладнево по годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски без да даде изјава.

Џафери, на собраниската седница освен оставката на Заев од премиерската функција ќе ја констатира и оставката на потпретседателот на Собранието Фадил Зендели од опозициската Беса.

По ова Џафери ќе ја затвори седницата и пратеничките прашања нема да се оддржат бидејќи по оставката на Заев во оставка е и целатата Влада.