Утре ќе се знае дали за 1 мај ќе бидеме затворени дома од четврток до понеделник


Фото: Б. Грданоски

Предлогот на Комисијата за заразни болести за претстојниот викенд кога се паѓа и 1 мај, а граѓаните традиционално одат на излети, е полицискиот час да почне во четврток попладне, а да заврши во понеделник сабајле.

Вака одговори министерот за здравство Венко Филипче, прашан да прецизира за кој период се работи.

Но, сепак, појасни Филипче, конечната одлука ќе биде донесена утре на владина седница.