Утре и задутре посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје

Фото: Б. Грданоски

Утре и задутре поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје.

За таа цел, соопштија денеска од МВР,  се апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници.