Утре и задутре ќе се прска против комарци


Утре и во вторник, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје, информираа од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Оттаму ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.