Утре без вода дел од булеварот „АСНОМ“ во Аеродром

Од 9 часот утре без вода ќе останат жителите од булевар „АСНОМ“ во општина Аеродром.
Како што соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат зградите со парни броеви од 74 до 112.
Причина за прекинот е уличен дефект на булевар „АСНОМ“ бр. 84.