Утре бесплатен паркинг во Центар


Фото: Б. Грданоски

По повод претстојниот празник „Успение на Пресвета Богородица“ (Голема Богородица) од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека на 28.08.2024 година (среда) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 29.08.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.