Уставните темели се разнишани, тврди Малинка Ристевска-Јорданова


 

Малинка Ристевска-Јорданова, која беше еден од најгласните критичари на францускиот предлог, денеска оцени дека биле доведени во прашање темелите на македонскиот уставен систем и дека во Собранието биле надгласани етничките Македонци.

Со нејзината објава на Твитер Ристевска-Јорданова, која е член на Управниот одбор на Институтот за европска политика (ЕПИ), од експертското навлезе во чувствителното поле на мајоризации во етничките односи.

„Мнозинството во македонскиот парламент ги надгласа пратениците етнички Македонци за францускиот предлог, кој ги наметнува идентитетските прашања што ги бара Бугарија. Опасен преседан, поддржан од Европската Унија, веќе ги доведува во прашање темелите на македонскиот уставен систем и поттикнува долгорочна криза“, напиша Ристевска-Јорданова на Твитер.