Уставните судии донираа 138.000 денари во Фондот за справување со корона вирусот


Уставните судии донираа 138.000 денари на сметката објавена од Владата на Република Северна Македонија за справување на кризата со корона вирусот.

– Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека претседателот на Судот и сите судии, донираа по 20 отсто од својата нето плата за месец април со намена поддршка на активностите за спроведување за спроведување на мерките за справување на кризата со корона вирусот на сметката објавена од Владата на Република Северна Македонија за оваа намена.

Вкупниот износ на средствата изнесува околу 138.000 денари, се наведува во соопштението од Уставниот суд.