Уставниот суд утре ќе расправа за етничката графа во изводите


Уставниот суд утре ќе ја одржи  седница на која ќе се разгледа Законот за матичната евиденција. Подносител на иницијативата е политичка партија „Левица” која бара оценка на уставноста на воведувањето графа за националната припадност во изводите. Во иницијативата на Левица стои:

„Чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство“.