Уставниот суд денес решава за платите на судиите


Уставниот суд денеска на седница расправа за неколку Уредби донесени од Владата во текот на вонредната состојбата, а меѓу нив е и Уредбата за висината на платата на избраните, именувани и назначени лица, со која покрај функционерите во извршната, на минимална плата се ставени и судиите и јавните обвинители.

Здруженијата на судиите и на јавните обвинители изминатиот период реагираа дека кратењето на нивните плати од страна на Владата е спорно од правен аспект, како и дека не треба судиите и јавните обвинители да бидат ставени на минималец од 14 500 денари.Тие испратија и писма до Владата, а иницијативата за оспорување на Уредбата пред Уставен ја најавија од Здружението на судии.

Покрај оваа, на дневен ред на денешната седница се и уредбите за додатоци и надоместоци на плата на вработените во јавниот сектор со кои се забрани нивно исплаќање, Уредбата со која на вработените службеници во СЈО им се исплатија заостанатите плати, Уредбата за буџетите, Уредбата за примена на Законот за работни односи во време на вонредната состојба.